Не престануваат да чадат депониите на Истокот

Пожарникарите ја изгасија, а штипски „Исар“ почна да ја чисти депонијата „Трештена скала“ откако доби опомена од државните инспектори за животна средина. Реагирале по претставки на граѓани поради постојаното чадење од депонијата.

Но, освен чадот инспекторите на терен затекнале хаос. Отпад имало и во неоградениот дел, а се складирал без никакаков ред и контрола.

„ЈП „ИСАР“ Штип да  го спречи  чадењето  на  отпадот  во нестандардната депонија „Трештена  скала“ и  во  иднина  да  врши континуирана контрола, за  да  не  се  појавува  повторно чадење, а во рок  од 30  дена  да  го  дислоцира отпадот кон главното депониско чело“ пишува во Решението на Државниот инспекторат за животна средина.

Најголемите општински депонии на истокот од државата се континуирана  опасност за граѓаните. Освен штипската, виничката и кочанската на смени речиси една година го трујат воздухот. Причина се самозапалување и подметнати пожари. Иако повремено се третираат со алги, потребно е системско решение велат граѓанските активисти.

Градоначалниците велат прават се во нивна моќ да го решат проблемот. Спасот го гледаат во затворање на постојните општински и стартување на проектот Регионалната депонија во чии рамки  веќе почна изработката на техничка документација.

Инаку Регионата депонија за 18-те општини од истокот и североистокот од државата е проект на кој се чека над една деценија. Локацијата за фабриката и депонијата е селото Мечкуевци. Свети Николе остана без ингеренции по ова прашање, но  останува против нејзината изградба.