Не помина Предлог-законот, членовите на извршната власт да поседуваат исклучиво македонско државјанство

Со само 20 гласа „за“, и тоа од опозицискиот блок, во Собранието не помина предлог-законот со кој беше предвидено ограничување членовите на извршната власт да поседуваат исклучиво македонско државјанство. Владејачкото мнозинство не ја поддржа потребата од измени на Законот за Влада, со кои министрите би можеле да имаат само македонско државјанство.

Од СДСМ децидни дека ова е уште еден доказ оти во извршната власт има функционери кои поседуваат пасоши од други држави и дека немаат намера да се откажат од привилегиите што ги уживаат надвор од земјата.

„Сега гледаме бугарски државјанства, чешки државјанства и слично. Тоа е нешто што официјално го имаме за членовите на Владата и што тие овде, пред Собранието, го имаат потврдено. Зборувам конкретно за министерката за енергетика, Сања Божиновска, а веројатно ќе се уредат овие начини и ќе видиме точно за секој што ќе се избира како член на Владата да важат истите овие правила“, нагласи Спасовски од собраниската говорница.

Инаку, покрај 20-те опозициски пратеници кои гласаа „за“, немаше ниту гласови „против“, ниту „воздржани“ а за време на гласањето, во собраниската сала се слушало мјаукање.