Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски

Во Собранието не помина интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Само 20 пратеници гласаа „за“, 72 гласаа „против“, а немаше „воздржани“. Собранието не ја прифати интерпелацијата на Панче Тошковски“, рече собранискиот спикер, Африм Гаши.

Дури 5 од десетте точки се однесуваа на трагедијата во Кочани и дискотеката „Пулс,“ останатите точки пак се однесуваа на скандалот со знамињата, марихуаната во Карбинци, но и обезбедувањето на премиерот Мицкоски.