„Не отварам врата“ повикува на бојкот, државна статистика вели се е подготвено за пописот
На два дена од почетокот на пописот, граѓанската иницијатива „Не отворам врата“ повика на бојкот на најобемната статистичка операција, причините за бојкот ги гледаат во епидемиолошката состојба на државата со коронавирусот, и сметаат дека власта се заканува со непостоечки казни против секој кој нема да отвори врата за пописот.
Од државниот завод за статистика велат дека се е подготвено и дека се обезбедени сите потребни ресурси за спроведување на пописот. Ги повикаа граѓаните да учествуваат на пописот и да не го бојкотираат.
До почетокот на пописот на 5 септември, Заводот организира имунизација за оние кои се уште не примиле вакцина, а сакаат. Од Владата информираа дека сите 50 пописни комисии се екипирани, а во деновите до пописот се прават дополителни обуки, но и планови за попишување. Земјава е една од ретките во светот која нема попис речиси две децении.