Не (информираност) околу вакцинацијата
Foto

Не (информираност) околу вакцинацијата

Која вакцина е подобра, што е разликата помеѓу кинеската, руската или оксфордската, колку време ќе штити, има ли несакани ефекти...

Граѓаните кои ги анкетираше ТВ 24 велат дека сакаат да се вакцинираат, но истовремено бараат и подетални информации од надлежните инстититуции и стручната фела околу целиот процес на вакцинација. 

„Се информираме, но има недостиг на одредени информации, единствено преку медиумите се информираме или преку социјалните мрежи, но едвај чекаме да дојдат вакцините, само кај нас не пристигнале“

„Од надлежните нема никакви информации се е тоа површинско кажување, нема детално анализи кај нас воопшто“

„Треба повеќе информации, ама пред се од стручни лица – лекари, а не политички објаснувања дали доцни набавката или не. Значи треба стручни мислења, нема збор дека е потребна кампања бидејќи со помош на социјалните мрежи се шири една недоверба кон целиот тој процес со 5г и слично... Сето тоа е недостаток на едукација, образование па и општа култура на населението и тоа треба да се побие со една добра кампања“ - велат граѓаните.

Недостатокот на едукативни кампањи, лажните вести и дезинформациите на социјалните мрежи може да влијаат на процесот на вакцинација предупредуваат комуниколозите, поради што велат клучно е правилното информирање на граѓаните со стручни и научно докажани факти. 

„Колку граѓаните ги имаат релевантните, точните и потребните информации за да можат да носат одлуки, тоа е клучното прашање бидејќи информации околу вакцините и КОИВД 19 имаат дури и премногу, но она што е недостаток е што поради политичките препукувања не можат на површина да испливаат стручните, научните односно релевантните информации кои треба да ги дадат стручните лица а тоа се медицината и медицинските лица, а не политичарите. Во морето на препукувања, разногласие и желбата да се остварат полтички поени ние многу повеќе дискурсот го фокусираме на тоа што го кажуваат политичарите или институциите кои можеби не се толку надлежни за здравството отколку докторите кои што треба да го прават тоа... И на светско ниво релевантните клучните научните информации се мачат за да испливаат на површина“- рече Бојан Кордалов – експерт за комуникации и односи со јавност.

Светската здравствена организација веќе ги предупреди владите дека освен проблемите со организирањето на масовната вакцинација мора да се справат и со скептицизмот за вакцините и навреме да почнат со едукативни кампањи на населението. Од нашето Министерство за здравство велат дека се подготуваат вакви кампањи и кај нас. 

Според најавите на здравствените власти, првите вакцини во Македонија ќе пристигнат следниот месец по што веднаш ќе започне и имунизацијата на населението. Вакцината против Ковид нема да биде задолжителна, а секој граѓанин ќе може да одлучи сам дали ќе ја прими или нема.

0 Коментари

Остави коментари