НБРМ: Зголемен број на предавања од областа на финансиската едукација во првата половина од 2025 година
Во првите шест месеци од 2025 година, Народната банка одржа 39 едукативни предавања со над 1.000 учесници, што е зголемување во однос на 2024 година соопштуваат од НБРМ. Предавањата се одржани на македонски, албански и англиски јазик, а учесниците имаа можност да го посетат и Музејот на банката. Во рамките на Глобалната недела на парите се обучени наставници, кои подоцна пренесоа знаење на над 2.600 ученици. Дополнително, беа организирани квизови и работилници за средношколци дополнуваат од НБРМ.