НБРМ: Еуростандард банка оди во стечај
Foto

НБРМ: Еуростандард банка оди во стечај

Народната банка денеска ја затвори Еуростандард банка поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Според гувернерката Анита Ангеловска- Бежоска затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем, а сите депозити на штедачите ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови. Народната банка во текот на утрешниот ден  ќе се достави предлог до надлежниот суд за отворање стечајна постака во Еуростандард банка.

Согласно состојбата до 31 јули 2020 година, обесштетени ќе бидат  99,4 отсто со вкупно 4,4 милијарди денари. Останатите 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетни во целост зашто ќе се покриваат само сумите во банката до 30.000 евра.

Последните податоци покажуваат дека, кредити учествуваат со 50 проценти од вкупната актива на банката, односно 3,6 милијарди денари е нето вредноста на кредитното портфолио.

Во Еуростандард банка АД Скопје работеле околу 170 лица. Гувернерката изрази надеж дека тие ќе бидат апсорбирани од останатите банки зашто се работи за квалитетен кадар. 

Според соптвеникот на Еуростандард банка пак, Трифун Костовски „Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија“.  Тој за во петок најави пресконференција на која до јавноста ќе се обратат акционерите на банката 

„Народна банка цела година не држеше под строги мерки и не ни дозволуваше да работиме и да заработиме. „Ако веќе беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година, а не за овој период уште дополнително да заглавиме со 15 милиони евра“, вели Костовски за Фактор. 

Инаку попладнево по одлуката на НБРМ беше раздвижено пред седиштето на еуростандард банка. Луѓето кои ги затекнавме таму не сакаат да говорат пред камера, само коментираа дека се работи за некаква ревизија.

0 Коментари

Остави коментари