НБМ: Денарот е стабилен, се “брани“ со девизни резерви кои се на ниво од 3,6 милијарди евра

Инфалцијата годинава ќе се задржи на уемрено ниво од 3,1 процент. Веќе за следната година НБРМ стапката на инфлација ја проектира на 2,4 проценти. 

НБРМ со нови проекции и оценки за годинава, гувернерката Бежоска уверува денарот е стабилен, се брани со девизни резеви кои според Народната банка се на историски највисоко ниво од 3,6 милијарди евра. 

„Минатата година обезбедивме и репо линија од Европската централна банка за прв пат во нашата историја добивме пристап до девизна ликвидност до ЕЦБ, овие средства ни се ставени на располагање, доколку имаме потреба, ние досега ги немаме искористено овие средства затоа што имаме доволно девизни резерви и не сме имале потреба, но доколку има потреба може да се користат. Сето ова е во потрврда на стабилноста на девизниот курс на домашната валута.“ - изјави Анита Ангеловска Бежоска гувернерка на НБРМ.

Сепак според новите проекции инфлацијата е подргеана годинава ќе биде повисока од привчно проектираната, но останува оценката дека нема да предизвика ценовен шок. Од НБРМ велат нема потреба од инстант реакции и мерки. Според прогнозите 2022 треба да има стабилизирање во енергетскиот сектор, но и пад на цените на храната.

„Ова макроекономско сценарио кое што упатува на натамошен раст на девизните резерви, од друга страна да има зголемени инфлациски ризици, но засега инфлацијата остљанува во умерени рамки што не бара инстантна реакција од страна на Централната банка, но будно следење.“ - изјави Ангеловска Бежоска.

Во најновите макроекономски проекции годишниот раст на БДП останува на исто ниво како и во априлските од 3,9 проценти. Според проекциите, дефицитот се очекува да остане на ниво од 3,8 проценти, а на среден рок да изнесува околу 2 проценти од БДП. 

Проектираната патека на раст на македонската економија, според НБРМ, ќе овозможи достигнување и надминување на преткризното ниво во текот на следната година.