НБА шампионот Торонто поразен од Мајами
Foto

НБА шампионот Торонто поразен од Мајами

Актуелниот шампион во НБА лигата, тимот на Торонто, ноќеска загуби на домашен терен од Мајами со 121:110. По основните 48 минути резултатот беше нерешен 108:108, а во дополнитените пет минути канадскиот тим постигна само два поени.

Екстра минути се играа и на тексашкото дерби во кое Сан Антонио го победи Хјустон со 135:133.

Резултати на другите пет натпревари играни ноќта меѓу вторник и среда:

Кливленд – Детроит 94:127

Вашингтон – Орландо 120:127

Њу Орлеанс – Далас 97:118

Денвер – Лос Анџелес лејкерс 96:105

Лос Анџелес клиперс – Портланд 117:97.

0 Коментари

Остави коментари