НБА: Победи за Чикаго и Мајами по продолженија

Девет натпревари се одиграа ноќеска во НБА лигата, на два од нив гостинските екипи Чикаго Булс и Мајами Хит беа поуспешни по дополнителни минути.

Постигнати резултати:

Детроит – Мајами 115:120
Индијана – Хјустон 94:98
Орландо – Кливленд 102:100
Њујорк – Чикаго 115:116
Оклахома – Њу Орлеанс 122:116
Денвер – Бостон 115:107
Јута – Торонто 111:124
Голден Стејт – Мемфис 117:101
ЛА Клиперс – Минесота 120:109.

Најуспешни екипи досега со по десет победи и само еден пораз се актуелнито шампион Голден Стејт и Торонто Репторс.