НБА: Морант неизвесен за дуелот со Далас

Кошаркарите на Мемфис ноќта меѓу петок кон сабота ќе ги одмерат силите со Далас во клучниот натпревар за пласман во плејофот на НБА лигата, а до самиот почеток неизвесен ќе биде настапот на нивниот најдобар поединец Џа Морант.

Ѕвездата на Мемфис го повреди зглобот на десната нога за време на првиот плеј-ин натпревар во поразот од Голден Стејт Вориорс со 116-121 во вторникот во третата четвртина. Подоцна во натпреварот, Морант се врати на паркетот и го заврши натпреварот со 21 поени.

„Чувствувам дека ќе направи апсолутно сè за да може да игра. Доколку физички биде подготвен да игра, ќе игра, но одлуката ќе биде донесена непосредно пред почетокот“, изјави новиот тренер на Мемфис, Туомас Иисало.

Победникот од дуелот меѓу Мемфис и Далас ќе игра во првото коло од плејофот на Западната конференција против Оклахома, тимот со најдобар сооднос победи-порази во НБА лигата.