НБА лига: Милвоки и Голден Стејт ја вратија предноста
Foto

НБА лига: Милвоки и Голден Стејт ја вратија предноста

Актуелниот НБА шампион синоќа пред своите гледачи во Милвоки во драматичен натпревар го совлада Бостон со 103-101 и поведе со 2-1 во полуфиналето во Источната конференција, додека до предност од 2-1 по третиот натпревар на Западот дојде и Голден Стејт со триумф над Мемфис од 142-112.

Милвоки до втората победа во конференциското полуфинале го предводеше Јанис Антетокумпо, кој во вечерта на нерасположени шутери уфрли 42 поени од 30 обиди. Грчкиот кошаркар додаде 12 скокови, осум асистенции и две блокади.

Милвоки имаше очаен процент за три поени од 9/34, а речиси идентичен ефект имаше и Бостон (9/33), што на крајот гостите ги чинеше пораз.

Четвртиот натпревар во серијата до четири победи се игра повторно во Милвоки, ноќта меѓу понеделник и вторник во 01:30 часот по средноевропско време.

Стеф Кари со 30 поени и шест асистенции го предводеше Голден Стејт до убедлив триумф над Мемфис пред четвртиот натпревар кој е на програмата утревечер повторно во „Чејс Центар“ во Сан Франциско.

0 Коментари

Остави коментари