НБА: Хорст останува генерален менаџер на Милвоки
НБА лигашот Милвоки Бакс потпиша продолжување на договорот со генералниот менаџер Џон Хорст.
Според добро информираниот инсајдер на НБА лигата, новинарот на ЕСПН, Шамс Чарани, сопствениците на Милвоки и менаџерот на Хорст, Брајан Елфус, ставиле потпис на повеќегодишен договор.
Хорст стана генерален менаџер на Милвоки во 2017 година, а клубот оттогаш во сите осум сезони се пласирше во плејофот во лигата.
Хорст беше прогласен за најдобар менаџер во НБА лигата во сезоната 2018/19 и беше најзаслужен за доведувањето на Брук Лопез, Џру Холидеј, Боби Портис и Пи Џеј Такер, како и тренерот Мајк Буденхолцер, кои го одведоа клубот до шампионската титула во 2021 година.