НБА: Блескава партија на Дурант, Бруклин ги решија Пистонси
Foto

НБА: Блескава партија на Дурант, Бруклин ги решија Пистонси

Кевин Дурант со 51 поени ја предводеше синоќа екипата на Бруклин до гостинска победа над Детроит од 116:104, нанесувајќи им го на домаќините 12. пораз во серија сезонава во НБА лигата.

Ефектот на Дурант го урна рекордот во Арената во Детроит, кој досега со 50 поени го држеше поранешниот кошаркар на „Пистонси“, а сегашен член на Бруклин, Блејк Грифин.

На своите 51 поени, Дурант додаде и девет асистенции и седум скокови, а Бруклин ја забележа третата победа на последните четири натпревари.

Резултати на натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу неделата и понеделник:

Оклахома – Далас 84:103

Њујорк – Милвоки 97:112

Детроит – Бруклин 104:116

Сан Антонио – Њу Орлеанс 112:97

Портланд – Минесота 111:116

Лос Анџелес лејкерс – Орландо 106:94.

0 Коментари

Остави коментари