Навидум чиста вода на сливот на Лепенец во Вардар, резултати нема
Ваква е состојбата денеска на местото каде што Лепенец полн со мистериозна бела пена се влеваше во Вардар и ги вознемири скопјани, а ги алармираше институциите.
Од град Скопје за тв 24 велат дека зеемни се мостри кои се испитуваат во скопски водовод каде што има акредиотирана лабораториј . Според нив, доколку резултатите се негативни, најрано би можеле да бидат готови денеска. Доколку бидат позитивни ќе треба дополнително време. Резултати чекаат и во министерството за животна средина, чиј инспекторат исто така земал примероци.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
- Инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина, во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање, во текот на вчерашниот ден извршија инспекциски надзор на терен во врска со предметниот случај.
Инспекциската постапка сè уште е во тек, а проверките се спроведуваат согласно законските процедури. По завршувањето на сите контроли и по приемот на официјалните резултати, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за наодите и за преземените мерки.
Надлежните институции велат дека, доколку анализите покажат дека станува збор за незаконско испуштање на штетни материи, ќе бидат преземени законски мерки против одговорните. Дополнително, од страна инспекциските служби на град Скопје, беше пуштен и дрон за детектирање на причинителот на оваа појава. На својот фб профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски напиша дека доколку се утврди одговорност нема да има толеранција.
Орце Ѓорѓиевски градоначалник на Скопје
„Толеранција нема да има за никого! Во постојана комуникација сме со Министерството за животна средина и министерот и верувам дека брзо ќе го откриеме и соодветно ќе го санкционираме сторителот. Штом добиеме подетални информации, јавноста ќе биде веднаш известена“
Опозицијата пак обвинува и бара одговорност.
КЕТИ ШТЕРЈОВА СДСМ
Загадувањето на реката Лепенец значи дека отровот веќе стигна и во Скопје.Белата боја и обемот на пената што вчера се појави на сливот на реката Лепенец во реката Вардар, најчесто се знак на синтетичко загадување.Ова е сериозен аларам власта нема капацитет за заштитата на животната средина и безбедноста на водните ресурси. Наместо конкретни мерки и одговорност градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, си игра со дронови, од воздух ќе го решавал проблемот
Вардар со децении е загаден и полн со ѓубре.

