Навални објави фотографија по будењето од кома: Сам дишам
Foto

Навални објави фотографија по будењето од кома: Сам дишам

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој според лабораториски анализи е отруен со нервниот агенс „новичок“ во Русија, од Германија објави дека по излегувањето од кома може да дише самостојно.

Навални е на лекување во берлинската болница „Шарите“. Веднаш по труењето беше хоспитализиран во болница во рускиот град Омск, а потоа, на 22 август, со специјален лет, беше однесен во болница во Германија.

Три независни лаборатории, во Франција, Германија и Шведска, добија резултати според кои Навални е отруен со „новичок“, нервен гас кој бил развиван во советскиот период.

0 Коментари

Остави коментари