Навални номиниран за Нобелова награда за мир
Foto

Навални номиниран за Нобелова награда за мир

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за нобелова награда за мир, објави Сергеј Ерофеев, професор на универзитет во Њу Џерси.

Тој соопшти дека Навални за наградата бил номиниран од група научници од неколку универзитети, но не ги наведе нивните имиња. Кандидатурите за нобелова награда за мир се поднесуваат од септември до крајот на јануари наредната година.

Според правилата на шведската академија која ги доделува наградите, официјално се објавуваат единствено имињата на лауреатите, додека имињата на кандидатите се објавуваат 50 години подоцна.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални неодамна беше отруен од нервен гас - новичок, а вчера објави дека бил отруен во хотелската соба во Томск, пред да полета за Москва. Неговото лекување и закрепнување се одвива во Берлин.

 

0 Коментари

Остави коментари