Навални добитник на наградата на Женевскиот форум за човекови права и демократија
Foto

Навални добитник на наградата на Женевскиот форум за човекови права и демократија

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој издржува казна во казнена колонија, е добитник на престижна меѓународна награда за човекови права. Наградата ја додели меѓурегионална коалиција составена од 25 организации за човекови права за „извонредната храброст и херојски напори“ на Навални да го сврти вниманието кон сериозното кршење на човековите права од страна на руските власти, соопшти Женевскиот форум за човекови права и демократија.

Церемонијата на доделување на наградите е закажана за 8 јуни, а во име на политичарот кој е во колонија, ќе ја прими 20-годишната ќерка на Навални – Дарија, пренесува Дојче веле.

Еден од најблиските соработници на опозиционерот, Леонид Волков, ја поздрави одлуката за доделување на наградата и ја истакна важноста на меѓународното признавање на моралната храброст на Навални „во време кога тој минува низ најтешкиот тест во својот живот“. – Ние ја сметаме оваа награда како многу важен знак за поддршка од меѓународната заедница за човекови права во случајот со Алексеј, нагласи Волков.

Форумот за човекови права во Женева е организиран од 25 невладини организации за човекови права, кои исто така ја доделуваат наградата за женски права секоја година. Во 2018 година, рускиот опозициски лидер Владимир Кара-Мурза ја доби наградата за храброст.

0 Коментари

Остави коментари