Наумовски за ТВ 24: Прашањето со Македонија целосно ќе биде злоупотребено од страна на бугарските политичари во изборниот циклус во Бугарија

Васко Наумовски, поранешен македонски дипломат во емисијата 24 Отворено рече дека не треба да го игнорираме фактот дека се закажани нови избори во Бугарија иако се насетуваше дека таму тешко ќе се формира владина коалиција.

- Секогаш кога има предвечерие на изборен циклус, политичарите се фокусирани токму на тоа, да освојат гласови. И овојпат прашањето со Македонија целосно ќе биде злоупотребено од страна на бугарските политичари. На минатите избори партијата на којашто припаѓа Џамбаски не освои ниту еден пратеник и тие сега се пред една нова шанса и се обидуваат да бидат што порадикални во однос на прашањето кон Македонија и на тој начин да вратат дел од изгубениот кредибилтет. - рече Наумовски.