Наумовски за ТВ 24: Отварањето на бугарски клубови не е проблем, туку именувањето со имиња кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните
Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски во емисијата 24 анализа рече дека не е проблемот во формирањето на клубови, но проблем се спорните имиња.
- По сите превирања околу сите настани, настана едно затишје. Ќе има реакции од бугарската страна за затворањето на клубот, но мислам дека бугарската страна треба да сфати дека отварањето на бугарски клубови не е проблем, туку именувањето со имиња кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните. Таков тип на провокаци нанесуваат штета на билатералните одсноси и на Бугарија. Изборите таму се за брзо време и нема да има време да се развие негативната реторика за ваквиот потег. - рече Наумовски.