Научна конференција “Промени во глобалниот свет”: После короната се појавуваат нови синтетички дроги на Балканот

После короната се појавуваат нови синтетички дроги на Балканот, Авганистан и понатаму претставува главна почетна точка на глобалната трговија со хероин.

Дополнителна загриженост се и новите трендови и новиот вид на синтетички дроги, кои нанесуваат уште поголеми последици за западните земји, смета Далибор Долежал, вонреден професор по криминологија од универзитетот во Загреб.

Тој присуствуваше на 12-тата меѓународна научна конференција оддржана денеска на штипскиот универзитет, на која глава тема беа општествените промени во глобалниот свет.