Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ избрани за нови јавни обвинителки во ОЈО ГОКК
На денешната седница на Советот на јавни обвинители, едногласно беа избрани Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
За двете позиции конкурираа шестмина обвинители. Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно ги избра Дарко Јакимовски и Владимир Милошески за нови членови на Вишото јавно обвинителство Скопје. Двајцата досега работеа како обвинители во Основното јавно обвинителство Скопје. Јакимовски е познат во јавноста како обвинителот што го водеше случајот за автобуската несреќа кај Ласкарци и предметот за обидот за убиство на Зијадин Села при упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Владимир Милошески, пак, го застапуваше обвинението во случајот познат како „Поткуп“.

