Настани на 2018: Поплави, пожари, херојски подвизи
Foto

Настани на 2018: Поплави, пожари, херојски подвизи

Само четири часа ми беа потребни за да ги подобрам еден век нарушените односи со Русија, убеден во своите преговарачки вештини беше Доналд Трамп по завршувањето на историскиот состанок со рускиот колега Владимир Путин. Средбата можеби помина мирно, но поделбите и несогласувањата останаа. Вашингтон влече на една а Москва на друга страна во однос на сите светски прашања. Но, Трамп не беше единственото торнадо кое ги погоди САД.

Бурите Флоренс и Мајкл го опустошија источниот брег а западниот дел беше пеплосан од најголемите пожари во изминатите 50 години.На спротивната страна од светот, моќниот тајфун Мангкут ги уништи Кина, Филипините и Хонг Конг. Во Европа, малото покачување на цените на бензините во 2018 година ја покажа сета жестина на Францускиот народ и на жолтите елеци а државата се соочи со најсилните демонстрации во изминатиов половина век. А, Лондон и Брисел, се уште не можат да се договорат како ќе функционираат откако и официјално ќе се разведат. На Блискиот Исток уште трае војната во Сирија која беснее веќе осма година....Израел го засилува воениот капацитет а Иран ги следи во чекор. Саудиска Арабија покажа како се справува со сите оние кои не ги следат нивните директиви.

„Само ненормална личност може да смисли вакво злосторство.“ - изјави Хатиџе Ченгиз – Вереница на Џамал Кашоги.

Во 2018 година, добивме нови херои. Светот се солидализираше со децата кои дваесетина дена останаа заглавени во пештера во Тајланд. Но, и се поклони на нуркачот кој волонтерски се приклучи на спасувачката мсиија и го загуби животот. по 18 дена под земја – децата и тренерот зилвечени од под земја. Годината која измина, остави свој белег и на Балканот. После 10 години независност, Косово доби своја армија. За едни ден за славење, за други ден за тага (Косово: слават – Србија: погреб). Грција, Балканот, Европа светот во шок – огнен обрач околу Атина. Се броеа стотици жртиви и повредени. Елини населби околу Атина срамнети со земја во пеколната стихија.

„Функционираме во поинаква реалност бидејќи две населби веќе не постојат. Нив ги нема повеќе на мапата.“ 0 изјави Панајотис Дагалос.

Во годината која измина, 92 годишниот Махатир Мохамад стана најстариот премиер во светот а за разлика од нашите власти, првите луѓе на Нов Зеланд признаа дека ги изненади снегот кој падна во лето. Во 2018 година засекогаш не напушти и најпознатиот теоретски физичар и космолог на 21 век, Стивен Хокинг.

0 Коментари

Остави коментари