Наскоро ќе се доделат ваучерите за инвертери за кои се аплицираше во февруари, велат од Министерството за енергетика

 

Ваучерите за инвертери кои граѓаните ги чекаат уште од февруари ќе бидат доделени, но кога точно, не се знае. Од Министерството за енергетика, кое го презеде овој проект од Министерството за економија, велат дека доделувањето на ваучерите ќе почне наскоро, откако со ребалансот на буџетот се обезбедени пари за оваа намена.

-Распределбата се очекува да почне веднаш откако ќе заврши проверката на апликантите низ соодветните институции вклучени во процесот, велат од Министерството за енергетика. 

Граѓаните за инвертери аплицираа уште во февруари, но иако за еден месец стартува грејната сезона, тие уште не се поделени.