Излезе видео во кое двајца насилници во автобус на ЈСП им се закануваат на патниците откако биле предупредени да ги стават маските преку носот и устата. На видеото што се споделува преку социјалните мрежи и преку медиумите, насилниците велат дека тие се верници, а другите се неверници, и се закануваат дека ќе ги стават патниците во киселина, дека ќе сечат глави и дека не знаат со кого си имаат работа.
Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.
0 Коментари