Насилни протести во Холандија поради анти-ковид рестрикциите
Foto

Насилни протести во Холандија поради анти-ковид рестрикциите

Холандската полиција употреби водени топови за разбивање на протестите организирани поради ограничувачките мерки против коронавирусот во центарот на Амстердам и уапси повеќе од 100 лица поради фрлање камења и употреба на пиротехнички средства.

Протестот се случи еден ден откако Владата воведе ноќен полициски час, првпат по Втората светска војна.

Меѓу демонстрантите имаше и сопственици на ресторани кои се спротивставуваат на „заклучувањето“.

Протест се одржа и во саботата вечерта, кога беа уапсени 25 лица низ целата земја и беа изречени 3.600 казни за кршење на полицискиот час.

Полицијата во Ајндховен исто така употреби водени топови и солзавец против стотици демонстранти и предупреди да се избегнува центарот на градот. 

Во саботата вечерта, во текот на првата вечер од полицискиот час, демонстрантите запалија лабораторија за тестирање на коронавирусот во холандското рибарско село Урк и фрлаа петарди. А

0 Коментари

Остави коментари