Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: Каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 П.П.

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика. По редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика  е донесена одлука каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,25 п.п. до нивото од 5,50%.

Дополнително е одлучено зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,40% и 3,45%, соодветно.