Народната банка донесе мерки за олеснување на кредитирањето при купување прв стан

Нема веќе поволни услови за кредит за втор стан или куќа. Народната банка од 1 декември воведува нови правила.

Со нив кредитите за прв стан или за изградба на куќа стануваат поповолни, но за инвестиции, условите стануваат построги. Банките ќе можат да одобруваат кредити за прв стан или за куќа со само 10% сопствено учество.

За оние пак кои купуваат станови за издавање или за инвестирање, условите ќе бидат значително потешки. Минималното учество расте од 15 на 25 проценти, а каматните стапки ќе бидат повисоки. Народната банка најавува и контроли, а ако се утврди измама, каматата може да биде зголемена, а граѓанинот да одговара кривично. Од Народната банка уверуваат дека целта е превенција од прекумерно задолжување и заштита на финансиската стабилност.

Покрај кредитите, гувернерот Славески најави и дека инфлацијата продолжува да се намалува. Очекувањата се во следниот период таа да биде под три проценти, а за две години, да се стабилизира на околу два, како во еврозоната. Според Државниот завод за статистика, во август месечната инфлација изнесува 0,2%, а на годишно ниво таа достигна 4,4%.