Напредокот во односите со Бугарија е особено важен за преговорите со ЕУ – им порачал Вадефул на Мицкоски и Муцунски во Скопје

Напредокот со Бугарија е особено важен за да се постигнат успеси во преговорите со ЕУ, порача германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, по вчерашните средби во Скопје со премиерот Мицкоски и со шефот на дипломатијата  Муцунски, во рамките на својата турнеја низ земјите од Западен Балкан. 

Вадефул на Инстаграм стори, напиша дека Македонија постигна многу, но и дека Германија ја поддржува Македонија на овој, не секогаш едноставен пат. 

Шефот на германската дипломатија синоќа немаше прес конференција, а пораките од Берлин до Скопје, беа пренесени зад затворените врати на Илинденска бр.2.