Наполи ја откри статуата на Диего Марадона

Пред дербито со Лацио, Наполи свечено ја откри статуата на нивната легенда, Диего Армандо Марадона. Марадона го напушти светот на 25. ноември минатата година, но тој никогаш нема да замине од меморијата на навивачите на Наполи. Неговото дело вечно ќе се раскажува во овој град.

Наполи прво го именуваше стадионот по него, а денеска откри и статуа со неговиот лик која ќе стои пред стадионот.