Напади од кучиња - чија е одговорноста и како да се најде системско решение

Последните жртви на напад од кучиња скитници во Струга се во добра состојба и пуштени на домашно лекување. Но, и двете пациентки се здобиле со сериозни повреди,

„Повозрасната пациентка е касната од куче скитник  примена е и со набиеница на главата, бидејќи паднала и ја повредила главата за време на настанот.Извршен е соодветен третман и е упатена на консултација со неврохирург во костозглобната болница Св.Еразмо. 10 годишното девојче е примено со рана на кожата на десната страна на грбот нанесена од куче скитник.Раната е соодветно третирана, препишана е таблетарна терапија,пациентката е пуштена дома со препорака контрола по потреба. - велат од струшката болница.

Од полицијата информираат дека човекот кој се сомничи за масакрот на 10ината кучиња дал исказ но мотивите за постапката не ги откриваат велат ќе ги каже на суд, иако во јавноста се шпекулира дека неговата сопруга и дете биле едни од досегашните жртви на напад од бездомни кучиња. 

Тв 24 направи истражување за регионот ,бројката на нападнати граѓани но и кучиња скитници е фрапантна, состојбата е и повеќе од алармантна.Особено во Струга и Кичево. Според статистиката на СВР Охрид, во Струга и струшко од 2019 та година до сега се евидентирани 73 напади, додека во Кичево само во 2022 година има 252 пријави од нападнати граѓани. Тоа значи дека во Кичево речиси секој ден во 2022 година жител бил нападнат , а од кичевските здруженија велат дека во градот има околу 700 кучиња скитници . За сите овие напади општините исплаќаат милионски суми за оштета но не го решаваат проблемот.

Тв 24 се обиде да стапи во контакт со градоначалниците на овие две општини, но ниту струшкиот градоначалник Мерко ниту кичевскиот Фатмир Дехари не одговорија на нашите повици за да откријат колку пари досега потрошиле за оштета на граѓаните и кога планираат да го решат проблемот кој ескалира.

Она што ние го дознаваме од наши извори е дека исплатените суми не изнесуваат помалку од 500 евра по лице. 

Во меѓувреме се погласни се реакциите на граѓаните кои бараат итно решавање на проблемот.

Новинарката и активистка за заштита на животните Мери Јордановска вели проблемот треба да се решава од корен, системски се во спротивно ќе биде залудно.

Се обративме и до  АХВ од каде информираат дека досега   од 565 поднесени претставки до Одделението за заштита на потрошувачите при Агенција за храна и ветеринарство во 2022 година, за неодговорно сопствеништво на миленик се однесувале 91 од претставките. 

Постапено е по 83, а 8 од претставките се во фаза на постапување. 

По спроведените инспекциски контроли донесени се 66 записници за утврдување на фактичка состојба, изречени се 13 мерки за спроведување на едукација заради утврдени неусогласености, издадени се 19 решенија со наредба за отстранување на неусогласеностите во одреден временски рок, изречени се и 12 парични казни за сторен прекршок,