Напад во училиште во Грац, има жртви
Масовно убиство во Австрија. Ученици и наставници загинаа во вооружен напад во средно училиште во Грац. Десетмина се починати меѓу кој е и напаѓачот кој се самоубил во училишниот тоалет.
Нападот се случил околу 10 часот утрово, кога убиецот, 22 годишен поранешен ученик во школото, вооружен со пиштол и пушка, влегол во зградата и веднаш почнал да пука. Меѓу убиерните, осуммина се ученици а животот го загубил и еден од наставниците. Триесетина се повредени, а најтешките случаи со хеликоптер се транспортирани низ болниците во градот. Најмалку четворица од нив се во критична состојба.
Мотивот за нападот останува непознат. Според првичните информации од полицијата, убиецот дејствувал сам, но се истражува и дали станува збор за терористички напад. Неколку минути откако било пријавено пукањето, австриската полиција и безбедносните служби го опколиле школото. Учениците, кои се заклучиле во училниците биле безбедно евакуирани.
Од австриската влада велат дека нападот преставува национална трагедија за земјата и наредија да се спуштат знамињата пред владата на половина копје. Сочуство до семејствата на загинатите изрази и претседателот на државата.
„Ова беа млади луѓе кои го имаа целиот свој живот пред себе. Учител, кој ги придружуваше на тоа патување.“ - Александер ван дер Белен претседател на Австрија.
Во изминативе години, неколку вооружени напади во училишта и универзитети ја потресоа Европа. Во декември 2024 година, 19 годишно момче смртно избоде седумгодишен ученик и повреди неколку други во основно училиште во Загреб. Една година претходно, студент на универзитетот во прага уби 14 лица, а 25 беа повредени.
Во мај 2023 година, 13 годишниот Коста Кецманоивиќ застрела осум соученици и вработен во обезбедувањето во основно училиште во центарот на Белград.