Напад со нож во парк во Баварија, двајца мртви, а осомничениот е уапсен 

 

Денеска напладне се огласи тревога во парк во градот Ашафенбург, во Баварија, по напад со нож. Како што пренесува весникот Билд, меѓу жртвите има и дете. Убиени се 41-годишен маж и 2-годишно момче, а две лица се примени во болница во тешка состојба.

За нападот е уапсен 28-годишен Авганистанец.

Ашафенбург има околу 70.000 жители и се наоѓа во баварскиот административен регион Долна Франконија, блиску до државната граница.

Паркот наречен Шонтал се наоѓа во центарот на градот, а причините за денешниот напад не се  познати.

Лани во Германија имаше повеќе вакви напади.