Напаѓачот во Нов Зеланд објави видео во живо од нападот во џамиите
Foto

Напаѓачот во Нов Зеланд објави видео во живо од нападот во џамиите

Еден од терористите кој го изврши нападот во џамии во новозеландскиот град Крастчрч објавил видео во живо на Фејсбук. Клипот е маркиран за време на нападот, објави „Вашингтон тајмс“.

Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант, кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува нападот и се враќа во автомобилот.

Видеото е веќе избришано од Интернет. Сепак, инсерти од видеото се шират на социјални мрежи. Најмалку 40 луѓе загинаа во нападот и повеќе од 20 се ранети и во тешка состојба

0 Коментари

Остави коментари