Наместо во центарот во Ккисела Вода зависниците ќе ја земаат терапијата таму каде што живеат
Foto

Наместо во центарот во Ккисела Вода зависниците ќе ја земаат терапијата таму каде што живеат

Наместо во Центарот за зависници во Кисела Вода, пациентите метадонската терапија ќе ја подигнуваат во општината во која живеат. Освен во Кисела Вода терапија ќе се зема и во Јане Сандански, Ченто, Бардовци и Карпош. Заедно со пациентите ќе се распределуваат и психијатрите кои сега работат со нив во психијатриската болница – Скопје.  

„Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе бидат распределени согласно општината во која живеат и ќе бидат распределени според локациите на кои ќе бидат пунктовите. Метадонската терапија пациентот ќе ја подига од најблискиот пункт до местото на живеење, додека проценката за промена на терапија ќе ја прави психијатарот кој го води пациентот и истиот утврдува колку пати на неделно ниво пациентот треба да ја земе терапијата. Распределувањето на психијатрите е во рамки на внатрешната организација на јавноздравствената установа во која се вработени и која ја извршува здравствената дејност во однос на лекување на зависностите, а тоа е Психијатриска болница–Скопје. Во тек се техничко-административните подготовки на пунктовите кои се веќе просторно опремени. Согласно завршувањето на подготовките, пунктовите ќе бидат веднаш пуштени во функција.“

Одлуката на здравствените власти доаѓа откако жителите на Кисела Вода со протести бараа дислокација на Центарот, а претходната идеја да се префрли во Гази Баба не беше прифатена ниту од тамошните жители. Системот не фунцкионира во целост велат и жителите, но и експертите. Центрите за лекување зависности не треба да бидат сведени само на шалтери за делење на терапија. Потребна е поголема психосоцијана помош и рехабилитација на овие лица. 

„Со дисперзијата не смее ситуацијата да се остави иста односно да се овозможува само фармаколошко лекување туку мора да се работи и на проширување на ресозијализација и рехабилитација кои што треба да бидат составен дел од лекувањето а тоа ќе знали и проширување на кадарот кој што работи на оваа проблематика“.  вели Ивица Цековски – ХОПС.

За недостатокот на стручен кадар говорат и дел од самите лекари поради што се сомневаат дека државава има капацитети да обезбеди квалитетни центри за зависници. 

„Центар подразбира терциерна установа, највисок капацитет за третман, познавање, специјализираност за таа проблематика, тоа значи таму треба да има цел тим од лекари, психолози, социјални работници, потоа амбуланта, дневна болница за тоа да функционира. Мислам за такво нешто немаме капацитет, можеби ќе се создаде, јас лично не верувам. А, доколку дисперзијата подразбира единици каде пациентите ќе ја подигнуваат само терапијата, но прегледите, психијатриските услуги, психодијагностиката, одредувањето на терапијата да оди на едно место, а тие после одреден период кога ќе се одреди доза дијагностика и терапијата да продолжи да ја зема таму - за тоа можеби и има капациетети.“  вели д-р Лилјана Игњатова – Раководителка на Центар за зависници.

Истражувањата на ХОПС покажуваат дека во одредени центри бројот на психијатри е премногу мал за да одговори на потребите на пациентите, а на некои локации третманот го спроведуваат или само медицински сестри или лекари од други специјалности. Како пример го посочуваат Штип каде гинеколози и ортопеди одредуваат тераписка доза за пациентите.

0 Коментари

Остави коментари