НАМЕСТО СТЕЧАЕН ПРОТЕСТ - ПОЛИТИЧКИ МИТИНГ ВО ВЕЛЕС
Foto

НАМЕСТО СТЕЧАЕН ПРОТЕСТ - ПОЛИТИЧКИ МИТИНГ ВО ВЕЛЕС

Со меѓусебна кавга заврши денешниот протестен марш на стечајните работници од Велес. Неколку стотини стечајци од поранешните големи фабрики, како Порцеланка, Топилница, Нокатекс, Лозар се собраа да го изразат својот револт што и по две децении не можат да си ги наплатат заостанатите плати, за кои имаат и извршни судски решенија. Откако пристигнаа на платото пред велешкиот суд, собирот се претвори во политички митинг. Политички говори држеа лидери на помали парти, кои ги повикуваа стечајните работници на следните избори да гласаат за нив, оти тие ќе им ги решеле проблемите.

Дел од присутните почнаа да негодуваат на политичките обраќања. Го обвинија организаторот на протестот, кој се претстави како независен синдикат на лица со посебни потреби „Нова ере“, дека им наплаќал по 900 денари за членство, а доколку некој не им плател, синдикатот немало да ги застапува.

Претседателот на Нова Ере Маријан Зафиров вели дека со парите се плаќало функционирањето на здружението.

На крајот на протестот, на инсистирање на новинарите, Зафиров се обиде да објасни кои се барањата од протестот и до кого се упатени.

Велес е еден од најпогодените градови од транзицијата. По затворањето на неколку големи фабрики, без работа останаа речиси 10 илјади работници, а дел од нив и сеуште не можат да си ги добијат заостанатите плати.

0 Коментари

Остави коментари