Наместо дивоградбите, охридскиот градоначалник ги отстранува палмите
Foto

Наместо дивоградбите, охридскиот градоначалник ги отстранува палмите

Нелегалното минаре на Алипашината џамија доби купола, рушењето на дивоградбите ставено на стенд бај, општината денеска стартуваше со исполнување на забелешките на УНЕСКО, но најпрвин преку  отстранување на крајезерските палми. Градоначалникот Георгиевски вели одлуката за прогласувањето мораториум  ќе почека бидејќи општина Охрид сеуште  немала законска основа да го прогласи.

Дивоградби ќе се рушат но прво ќе се прави регистар, ќе се прегледува објект по објект, па дури тогаш ќе се пристапи кон уривање.  Сепак Георгиевски уверува дека секој што узурпирал нема да биде поштеден.

Но, таквата најава очигледно не важи и за минарето кое е една од причините зошто Охрид го губи статусот на УНЕСКО. 25те метри височина без одобрение за градба и понатаму се невидливи за властите.  Градоначалникот дури и не знае дека на минарето веќе има  купола.

И понатаму реакциите во јавноста за најновиот извештај на УНЕСКО не стивнуваат. За многумина оваа скандалозна препорака е производ на деценискиот вандалски однос на поединци кон природните и културно-историските вредности, производ на  игнорантскиот однос на секоја власт кон оваа проблематика. Екологистите потсетуваат дека сега всушност се трпат штетните последици од алчноста на партиските и градежните мафии во регионот.

 

0 Коментари

Остави коментари