Наместо „бугарски“ - само фашистички окупатор во учебниците по историја - и Македонија ќе бара измени во бугарските учебници
Foto

Наместо „бугарски“ - само фашистички окупатор во учебниците по историја - и Македонија ќе бара измени во бугарските учебници

Патоказот за спроведување на договорот за добрососедство, краткото и долгото име на државата, немешање во внатрешните работи и преговарачката рамка на ЕУ со Бугарија се барањата кои бугарскиот претседател Румен Радев ги упатил до Северна Македонија за деблокада на преговорите со ЕУ, објаснува премиерот Заев.

Учебниците по историја нема да се менуваат додава премиерот но ќе се бришат одредени формулации во земјава како и во Бугарија.

Во меѓувреме доброупатениот магазин „Еуроактив“ пишува дека Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи да се откаже од ветото за Македонија во ЕУ, и САД понудил некои добри решенија за решавање на спорот. Дека информациите се точни покажува и изјавата на претседателот на бугарското ВМРО Красимир Каракачанов кој тврди дека во Бугарија се подготвува предавство на каузата за Македонија.

„За жал, Американците така се однесуваат и на тој начин не стекнуваат пријатели. Тие мислат дека така ќе придобијат повеќе пријатели во Скопје, но ќе ги загубат пријателите во Бугарија. Јасно е дека Американците имаат интерес од влегувањето на Албанија и Македонија во ЕУ. Нивната логика е дека ако Македонија влезе во ЕУ ќе се спречи руското влијание на Балканот.“ - изјави Красимир Каракачанов, претседател на ВМРО-БНД.

Официјалната реторика на Софија сепак сеуште не се менува, после средбата со Еврокомесарот Вархеи, бугарскиот претседател Румен Радев вели дека Бугарија останува на своите позиции потврдени пореку декларацијата во собранието и според него ЕУ треба да ја притисне Македонија да ги почитува човековите права бидејќи во земјава живееле 120 илјади Бугари.

0 Коментари

Остави коментари