Намалена е изградбата на станови

Бројот на издадени одобренија за градба во февруари годинава продолжува да паѓа. Според пдоатоците од Државниот завод за статистика, во февруари годинава споредено со истиот период од лани издадените одобренија за градба се намалени за 13,6 отсто. Односно, биле издадени вкупно 153 одобренија за градба, од кои 81 се за изградба на згради, потоа 26 се за изградба на инфраструктура односно објекти од нискоградба и 46 одобреенија се однесуваат за реконструкција.

Издадени одобренија за градба во вефруари 2018 година

Вкупно 153

Високоградба 81

Нискоградба 26

Реконструкција 46

Ваквата состојба води и кон намалување на вкупната вредност на објектите што се градат. Па така, вкупната предвидена вредност на објектите за кои во февруари се издадени одобренија за градба изнесува 19,2 милиони евра, а во февруари минатата година изнесувала 37,7 милиони евра, што е намалување за 49,1 отсто.

Предвидена вредност на објектите

Февруари 2019 година 19, 2 милиони евра

Февруари 2018 година 37,7 милиони евра

Но, овој пад е генериран од намалената вредност на објектите во високоградбата, додека пак кај нискоградбата и реконструкцијата предвидената вредност на објектите има раст. При тоа изградбата на објектите од високоградба треба да чини 12,8 милиони евра, додека во нискоградба 4,3 милиони евра а за рекоснтрукција изнесува два милиони евра.

Предвидена вредност на работите

Високоградба 12,8 милиони евра

Нискоградба 4,3 милиони евра

Реконструкција 2 милиони евра

Според податоците, во февруари годинава предвидена е изградба на 123 станови од кои 45 се во општина Центар а ниту еден во Карпош. Бројот на станови што се предвидени да се градат во февруари годинава е за речиси 80 отсто помал од бројот на станови во февруари минатата година, кога била предвидена изградба на 610 станови, и кога пак во Карпош се граделе 158 станови а во Центар 104.

Изградба на станови февруари 2018 година февруари 2019 година

Вкупно 123 610

Центар 45 104

Карпош / 158

Токму мораториумите за градба во овие две општини се сметаат за клучни за намалената изградба на објекти во високоградбата, а градежниците аламираа дека тоа може да ја поскапи цената на становите, но ниту градоначалниците ниту пак граѓанските здруженија кои се борат за квалително живеење не се откажуваат од намерата да се намали изгрдбата на нови објекти и да се донесат нвои ревидирани квалитетни детални урбанистички планови.