Намален бројот на Украинци и Руси кои допатувале во Македонија
Во Македонија годинава допатувале руски, но и украински туристи иако ги има во помал број од претходните години.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека имаме посетители од овие две земји но неколку пати помалку од порано. Заклучно со месец jуни во Македонија дошле 1.207 украински туристи и 1.426 руски.
Хотелиерите претходно прогнозираа дека овие туристи ќе недостигаат во Македонија, но и во регионот од причина што во услови на војна, луѓето гледаат да се спасат и да се засолнат на безбедно, а Македонија се приклучи на санкциите кон Русија, а тоа ги залади односите меѓу двете земји.
Минатата година во земјава имало 9.927 гости од Украина, и 7.474 Руси.