Намален бројот на туристи од Полска
Хотелиерите веќе ги сумираат последиците од откажувањето на авиолинијата до Охрид на полскиот тур оператор "Раинбоу" кој на охридско струшкото крајбрежје низ годините носеше огромен број туристи од Варшава.
Веќе е забележан пад во бројот на ноќевања.Сега останува само еден оператор од Полска кој ќе работи со ограничен број хотели и гости.
Но она што уште позагрижува е дека се забележува пад во бројот на туристи периодов и генерално, и не само кај нас туку и во Европа. Намален е бројот и на ноќевања, откажани или на стенд бај се и многу други туристички групи, кружни тури. Од секторот сметаат дека не е проблемот во цените туку во стравот за патувања, кој го наметнаа неколкуте актуелни ситуации во светски рамки.
Инаку освен полскиот "Раин Боу", авиолинијата до Охрид ја откажа и холандскиот "Корендон" кој оперираше три пати неделно до аеродромот Св. Апостол Павле причината наводно е внатрешна реорганизација. Сега холанѓаните ќе доаѓаат со туроператорот "ТУИ". Од охридскиот аеродром оваа сезона оперираат шест авиокомпании до осун различни дестинации.