Намален бројот на новозаразени со Ковид-19, активни 3 428 случаи
Foto

Намален бројот на новозаразени со Ковид-19, активни 3 428 случаи

Последните пет дена бројот на заразени од Ковид-19 во државата не надмина 10 проценти од направените тестови. Во некои денови од неделата стапката на новозаразени се намали и до пет проценти од вкупниот број тестирани пациенти. Министерството за здравство вчера објави дека се регистрирани нови 155 случаи од 1 845 тестирања, како и дека починале две лица, а 127 оздравеле.

Како и во претходниот период и вчера најголемиот број новозаразени беа регистрирани во Скопје, вкупно 51 пациент, па Гостивар со 22, Кавадарци со 14, Штип со 13 и Куманово со 11 нови пациенти. Од оздравените, исто така најголем е бројот на тие од Скопје 40, по што следат Штип 22,  Куманово 17, по 10 во Ресен и Радовиш,  Прилеп шест, Гостиват пет, по двајца во Велес и Битола.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 11 554,  бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428.

Нови 10 пациенти со Ковид-19 вчера беа дијагностицирани и во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје.

0 Коментари

Остави коментари