НАКС бара исплата на минат труд од основниот буџет на МОН
Foto

НАКС бара исплата на минат труд од основниот буџет на МОН

Независниот академски синдикат во отворено писмо до премиерот Оливер Спасовски го изразува незадоволството од нерешениот проблем со исплатата на ветените 10 проценти од јануарската плата за вработените во високото образование.

Нивниот предлог за измена на Законот за исплата на плати не може да биде разгледан поради распуштање на Собранието, но го известуваат премиерот дека нудат уште една опција – на вработените да им се плаќа за минат труд.

„Средствата за покачувањето на платите во високото образование се предвидени во буџетот за 2020 година, можете веќе на следната владина седница да го задолжите ресорниот министер веднаш да отпочне со исплата на минатиот труд од основниот буџет на МОН. Притоа, потенцираме дека тоа не е ветеното покачување од 10 отсто, туку е законска обврска која со години не се реализира – уште еден доказ за тоа колку високото образование е фрлено на маргините на општествениот фokус“ - пишува во отвореното писмо на НАКС до Спасовски.

0 Коментари

Остави коментари