Наќе Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет
Судиите Наќе Георгиев и Антоанета Димова официјално нови членови на судскиот совет откако комисијата за избор да ги потврди прелиминарните резултати од вчерашното гласање.
Според ова, врховниот судија Наќе Георгиев со освоени шест гласа како единствен кандидат од редовите на врховните судии влегува во судскиот совет, додека Антоанета Димовска со 110 освоени гласови го победи конкурентот судијата Лазар Нанев од Кавадарци за место во советот.
Од страна на комисијата за избор беше констатирано дека изборите поминале во најдобар ред,а не се поднесени никакви жалби ниту од кандидатите. Сепак, претседателот на комисијата Субхи Јакупи рече дека во иднина може да се разгледуваат и промени во начинот на гласање, пред се во однос на предвидениот временски рок.
Судиите Георгиев и Димова во советот ќе ги пополнат испразнетите места на Мирјана Радева Стефкова и Зоран Герасимовски, кои претходно си поднесоа оставка по превирањата во советот, кои следуваа по контроверзната смена на поранешната претседателка Весна Дамева на тензична седница на 27 април.
Оттогаш па наваму се поредовни се апелите од правната фела за целосна оставка на судскиот совет, а иако и министерот за правда Кренар Лога најави можност преку Собранието да се распушти актуелниот состав на советот, сепак засега колективна одговорност на овој состав на советот нема.