Највисока доверба за верските заедници, а најниска за политичките партии

Граѓаните најмногу веруваат во верските заедници, а најмалку во судството, покажува анкетата на Институтот за демократија. Според анкетата во однос на институции во политичкиот систем, претседателот на државата има највисока доверба - 3.6, додека политичките партии најниска 3,О. Собранието 3.4, а Владата македоснките граѓани ја оцениле 3.3.

На прашањето „Доколку изборите се одржат следната недела за која партија би гласате?“, повеќе од половина од испитаниците одговориле дека не би гласале или дека не знаат за кого би гласале.

За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 17% од испитаниците, додека за СДСМ 12%. ДУИ добила поддршка од 8% од анектираните граѓани, 4% изјавиле дека би гласале за Левица, 3% за Алијанса за Албанците, додека 1% поддршка добило Движењето Беса.

Поголемиот дел од анкетираните граѓани (79%) се изјасниле дека пратениците се целосно или делумно зависни од волјата на лидерите на политичките партии од кои доаѓаат. Според учесниците на фокус-групите постои „строга партиска хиерархија каде што повисоките елити се договараат, а другите спроведуваат“.

Додека 52% се согласуваат дека промената на изборниот модел може да придонесе кон намалување на зависноста на пратениците од партиските лидери.

Граѓаните биле прашани и во каква насока се движи животот во државата,а на што две третини од испитаниците одговориле дека, животот во државата се движи во погрешна насока, односно 69 проценти. Најпесимисти се жителите на Вардарскиот регион..80 проценти.

Во однос на регионалните и меѓународни политички случувања, повеќе од две третини (69%) од испитаниците целосно или делумно не се согласуваат со изјавата „Етничките Бугари треба да бидат вклучени во Уставот на Македонија“. Значителни 54%, како што стои во анкетата, не се согласуваат со оваа изјава, што е за 13 процентни поени повеќе од 2022 година. Само околу една четвртина од испитаниците целосно или делумно се согласуваат со тоа етничките Бугари да бидат вклучени во Уставот.

За испитаниците Србија е најголем економски (69%) и безбедносен (63%) партнер на државата во регионот, по што следи Албанија, за која 15% сметаат дека најголем економски партнер на државата, додека 21% сметаат дека е најголем безбедносен партнер. Теренската анкета за ова истражување била спроведена во периодот 22 февруари - 9 март годинава на примерок од 1.002 испитаници над 18-годишна возраст на целата територија на државата, преку методот лице в лице.