Најстроги казни за пироманите

Во Македонија секој ден има по десетици пожари на отворено кои што предизвикуваат непроценлива материјална и нематеријална штета за кои во најголем дел се предизвикани од човечки фактор.

Правниците велат дека одговорност мора да има и одржи лекција на населението дека сите сме исти пред законот, според Кривичниот закон член 288 – предизвикување на општа опасност, на виновниците им се заканува казна затвор од 6 месеци до 5 години, меѓу тоа ако има голема материјална штета, повредени или пак жртви казната може да биде многу поголема.

Одговорност мора да има за сите. Има приведено неколку граѓани за кои постои сомнение дека се причина за одреден пожар за кои се прибираат доказни материјали, што соодветно ќе се достават до органите на прогон.

Штетите од пожарите и оваа година се проценува со милионски суми, нарушување на биодиверзитетот, како и здравјето на луѓето. За справување со огнот и ублажување на последиците од пожарите се трошат многу пари и ресурси како последица на невнимание. Само во првата половина од годината биле евидентирани над 70 пожари.