Најстрашната плима во последните 50 години ја потопи Венеција
Foto

Најстрашната плима во последните 50 години ја потопи Венеција

Венеција е 187 сантиметри под вода, а властите предупредија дека ова е најстрашната плима во последните 53 години. Овој феномен бил рекордно висок во 1966-та година, кога водата достигнала неверојатни 194 сантиметри.

Плоштадот Сан Марко е целосно под вода, а водата им нанела сериозни штети и на ѕидовите на базиликата Сан Марко, што е шеста поплава во нејзиното милениумско постоење. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро уште синоќа прогласи вонредна состојба во градот.

„Ова е состојба на катастрофа. Ситуацијата е драматична. Ќе побараме од владата да ни помогне, зошто цената ќе биде висока.“ - изјави Бруњаро – градоначалник на Венеција.

Во Венеција денеска не работат училиштата и градинките, како и културните институции, музеи и галерии. Сепак, дел од туристите сметаат дека дури и полавите во Венеција се незаборавно искуство.

„За жал денеска музеите ќе останат затворени. Ќе бидат затворени и други туристички атракции.“ - велат надлежните.

„Венеција е прекрасна во сите годишни времиња. Денешниот ден ќе биде едно незаборавно искуство.“ - вели една туристка.

Метеролозите предвидуваат уште дожд денеска, посебно на североистокот на земјата каде се наоѓа Венеција, како и на Сицилија и во другите јужни региони.

0 Коментари

Остави коментари