Најпосакуваниот кандидат за Градот Скопје на Филипче, дел од тимот на кандидатот за Скопје на Мицкоски - Ралев пружи рака со Ѓорѓиевски

Најпосакуваниот кандидат за Градот Скопје на Венко Филипче, дел од тимот на кандидатот за Скопје на Христијан Мицкоски - архитектот Мишко Ралев  пружи рака со Ѓоргиевски.

Ѓоргиевски на фејсбук без да открие детали од договорот само пиша дека заедно со Ралев ќе работат за како што рече подостоинствено Скопје .

- Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас. Академската заедница и научно-истражувачката дејност на реномираните професори секогаш ќе имаат отворена врата и заслужено место во визијата за напредно и современо Скопје. Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град, напиша на ФБ Орце Ѓоргиевски –кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Венко Филипче, иако велат дека немаат зошто да го коментирата договорорт меѓу Ѓоргиевски и нивниот несуден кандидат з аградоначкланик з аметрополата , оценуваат дека мотивите се личен пазар. 

Дилови со Орце Ѓорѓиевски, кој е клсичен избор на партиската олигархија на ВМРО-ДПМНЕ ние нема зошто да толкуваме. Може само да констатираме дека за жал станува очигледно дека мотивите за неговиот ангажман во политиката биле на ниво на личен пазар, велат од  СДСМ 

Ралев пак за ТВ  24 со порака до Филипче – за тоа дека нема да биде кандидат на СДСМ  за Градот Скопје дознал од медиум . Тврди дека неговиот ккао што вели можен ангажман е професионален. За обвинувањата од СДСМ дека се направил личен пазар вели се недоветни. 

- Се раководам од мотото професионално искуство и капацитет. Мојот можен ангажман е на ниво на советодавни акривности во Скопје на идната Комисија за урбанизам и архитектура. Моето занимање е универзитетски професор на функција декан. Објаснувањата за "лиценцен пазар" се недоветни. Јас до сега никого не сум навредил, иако за некандидирањето за градонацалник од СДСМ дознав од медиум. Јас сум слободен човек на добар глас и не сум член на ниедна партија, вели за ТВ 24 Ралев 

ТВ 24 веќе објави дека Филипче и Ралев начално се договорија, СДСМ да истрача на локаните избори со него како кандидат на СДСМ за градоначалник  на град  Скопје. Зошто пукна тиквата, по повеќе од две месеци од тој начален договор  офијално ниту Ралев ниту Филипче не кажаа. Лидерот на СДСМ само ја официјализираше потпретседателката Каја Шукова. Неофицијални  причини и од едната и од друагата страна се многу – од кавга за финансирање на кампања , до пари , преку негодување,  приговарање и цензура за луѓето кои би биле или не дел од кампањата , но и тимот. Официјално нема потврда од ниедна страна за ова. Мишко Ралев во минатото  беше остар критичар на проектот Скопје 2014, а во времето на Димитар Ковачевски и член на извршниот одбор на СДСМ. 

Функционерите на Филипче во неговата кандидатура гледаа можност да привлече дел од независните галсачи, интелектуалци и критичари на политиките на СДСМ. 

Дали тоа ќе му успее како дел од тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ останува тие да  направат  математика по 19 октомври.