Најмалку три жртви во невремето Денис во Велика Британија
Foto

Најмалку три жртви во невремето Денис во Велика Британија

По невремето Денис во Велика Британија следуваа предупредувања за поплави опасни по живот, а бројот на загинатите се искачи на три лица, откако е пронајдено телото на 55-годишна жена, која од неделата беше пријавена дека е исчезната.

Во понеделникот беа издадени околу 480 предупредувања за поплави низ Англија, што досега е најголем број.

Метеоролозите предвидуваат дека нивото на реките и понатаму ќе расте, најмногу во делови од северна Англија.

Жителите на Велс и западниот дел на Англија ги расчистуваат последиците од поплавите по невремето што ги поплави патиштата, железниците, домовите и го наруши сообраќајот низ Велика Британија.

Во Германија пак, во невремето Денис повредени се девет лица.

Невремето предизвика проблеми и во сообраќајот на траекти меѓу Данска и Норвешка.

0 Коментари

Остави коментари