Најмалку едно лице загина во невреме во Јапонија

Најмалку едно лице загина, а три се повредени по обилните врнежи од дожд, придружени со невреме, кои предизвикаа лизгање на земјиштето во централна Јапонија и го запреа железничкиот сообраќај.     

Еден човек загина во префектурата Шизуока откако неговиот автомобил паднал во езеро. Три лица се повредени во одрон во таа префектура, а едно лице се води како исчезнато.

Невремето ја погоди Јапонија по тајфунот во кој загинаа неколку луѓе во последните недели.